Исхраната за време на спортувањето

 Исхраната е еден од многу битните елементи  во остварување на замислениот резултат на секој спортист,како и за неговото лично здравје.Затоа и е многу важно како ќе се конзумира после секој тренинг и вежбање.
Ова се неколку важни работи што треба да ги знаете…Внимателно одбирајте ја храната
Избегнувајте храна која се состои од едноставни шеќери и рафинирани јаглени хидрати. Наместо предјадење, телото нека ги троши залихите од масти. Најдобро е да јадете два до четири часа пред да одите да вежбате..Вежбањето на релативно празен желудник ќе го намали вашиот апетит така што ќе јадете помалку кога ќе заврши тренингот
Важен е и добриот програм
Многумина мислат дека ќе ослабат кога ќе почнат да вежбаат. Факт е дека слабеењето не оди лесно и едноставно. Најдобро се слабее со аеробни вежби, возење велосипед и со трчање
Како да ја одржиме енергијата?
Како спортист треба да јадете во текот на целиот ден, како би можеле да го одржите енергетското ниво.Јадете повеќе пати,но во помали количини и умерено.
-Секој ваш оброк треба да содржи протеини. Тоа е така затоа што протеините ја оформуваат мускулната маса.Јадете риба и пилешко. Двете, и рибата и пилешкото се комплетни извори на протеини.
-Сепак најквалитетниот протеин претставува јајцето. Јајцата се богат извор на висококвалитетни протеини и обезбедуваат неколку важни Б витамини потребни за производство на енергија во телото, како тиамин, рибофлавин, фолна киселина, Б12 и Б6.
-Кога телото има недостаток на калории, исто така нема ни доволно витамини, минерали и други хранливи материи. За да го надоместите недостатокот мора да внесувате многу овошје и зеленчук .
Изедете една банана на пример,тоа ке ја намали потребата за шекер во организмот.
-Сувото грозје, е концентрирана исхрана, богата со растителни влакна и има антиоксидантни својства. Сувото грозје е здрав додаток  во исхраната и е добар извор на енергија за спортистите. Се препорачува пред тренинг 50 гр. суво грозје.
-Секогаш чувајте ужинки при рака,за да ја задоволите гладта.

Непотребни и потребни течности
-Збогувајте се со газираните и спортските пијалаци.Точно е дека спортските пијалаци ги надополнуваат изгубените електролити, но содржат и големи количини на шеќер и калории. А после просечен тренинг нема потреба за екстра калории.Природната минерална вода е сосема доволна.
– Кокосовата вода е одлична алтернатива како спортски напиток, која нуди многу калиум и магнезиум, но во многу поздрава форма за разлика од спортските пијалаци со екстра калории.
Овошните течности или Smoothies, се исто така корисни за вашето здравје за време на спортувањето.
-Сокот од цвекло е  корисен за хидратација на спортистот. Цвеклото е  високо со витамини Ц, А, Б1, Б2 и Б6. И  дејствува анти-воспалително бидејќи содржи бетаинот. 
-Испијте две чаши млеко ако барате  надополнување за вашите мускули по напорниот тренинг. Една студија на Универзитетот McMaster во Канада докажа дека пиењето млеко после тренинг го докажува вежбањето,позитивно влијае за подобар одмор и обновување на мускулите,  исто така согорува повеќе масти отколку спортските засладени пијалоци. Тоа е така поради поголемото ниво на протеин, калциум и витамин Д, кои се важни за правилно развивање на 'рскавицата и за растот на мускулите.    
За крај важно е да знаете дека,
Дури 70% се зависи од исхраната, а останатото е добар одмор и тренинг на телото.Здравата исхрана и тренингот секогаш мора да одат заедно.Едното без другото нема да го дадат посакуваниот резултат.Со здрава исхрана и добар спорт до здраво тело и здрав дух.
 
 Внимателно одбирајте ја храната
Избегнувајте храна која се состои од едноставни шеќери и рафинирани јаглени хидрати. Намес

Пронајдете не на следниве мрежи: