Зошто е корисно да јадете јапонско јаболко-кои витамини и минерали ги содржи

Јапонско јаболко е вид на овошје кое станува вкусно за јадење во овој период од годината, кога на организмот му е потребна храна богата со витамини и минерали, за да се заштити од претстојната сезона на настинки и вируси.Јапонско јаболко или Diospyros претставува листопадно дрво, чии плодови кога се зрели, се одликуваат со жолто-портокалова до темна жолто-црвена боја и пријатен и сладок вкус сличен на кајсија. Се нарекува „храна на боговите“ што потекнува од неговото име Diospyros(грчки), а во Јапонија е попознато како каки овошје.
Потекнува од Кина, каде се одгледува со векови. Потоа се шири во Кореја и Јапонија, а оттука низ целиот свет.
Плодовите се берат доцна наесен, но и по берењето може да бидат тврди и со лош вкус, па ако ги пробате веднаш, ќе се разочарате. Затоа се чуваат додека не созреат и не добијат сјаен и слаткаст изглед. Откога ќе омекнат, се подготвени за јадење (ова важи за адстрингентиот вид).
Може да се јадат свежи или сушени. Зрелите плодови имаат висока хранлива вредност, ниска киселост и изобилуваат со витамини (Ц, Б2, А, Б1, Е) и минерали (јод, калциум, калиум, магнезиум, цинк, манган, железо) заради што во минатото се користеле во борба против скорбут и гушавост. Исто така содржат и јаглехидрати (фруктоза), растителни влакна, ликопен, зеаксантин, лутеин и аминокиселини.
Еве зошто треба да го консумирате овој вкусен и сочен есенски плод:

 
– Помага во намалување на нивото на холестерол во крвта и овозможува нормална работа на цревата. Свеж плод или сокот од плодот се препорачуваат за лекување на хроничен запек, воспалителни процеси и инфекции на цревата, нарушено празнење особено за време на патување или промена на клима, хемороиди, болести на желудник (гастроентеритис, лошо варење), болести на жолчка, замастен црн дроб.
– Делува против-воспалително и антихеморагично (спречува крварење од малите крвни садови) заради присутните полифенолни антиоксиданси – катехини и галокатехини.
– Содржи значајна анти-канцер состојка, бетулинска киселина.
Повеќе на think.mkЈапонско јаболко или Diospyros претставува листопадно дрво, чии плодови кога се зрели, се одликуваат со жолто-портокалова до темна жолто-црвен

Пронајдете не на следниве мрежи: