Грците намерно се заразуваат со ХИВ за паричен надомест од 700 евра

Очајни Грчки државјани намерно самите се инфицираат себе си со ХИВ вирус, во обид да добијат паричен надоместок што државата им го дава на тие што се заболени од овој смртоносен вирус, пренесува Дејли меил.Согласно извештајот на Светската здравствена организација, значителен пораст на бројот на заразени е забележан во периодот од 2007 до 2009 година, кога европската финансиска криза го достигна врвот и ја фрли земјата на колена. Бројот на ново инфицирани продолжил да расте и во следните години, од 22 во 2010 година на 245 една година подоцна – информираат од Европскиот центар за болести и превенција. Шокантен е и податокот дека речиси половина од заразените се нарко – зависници кои сакаат на некои начин да заработат од својата мака. Во Грција, заболените од ХИВ месечно добиваат надоместок од 700 евра, а имаат и пристап до програмите за лекување на зависноста што на некој начин е и дополнителна помош во битката со дрогата.

Во извештајот исто така се наведува дека економската криза може да се поврзе и со зголемениот број самоубиства. Од 17 процентна зголеменост помеѓу 2007 и 2009 година на 25 отсто во 2010 година. Како што кризата се продлабочувала, во првата половина на 2011, обидите за самоубиство пораснале за 40 проценти. Пред затворањето на извештајот, оваа есен, стапката на невработеност во земјата била 26,9 отсто. Според Томас Катау, од Советот на Европа, овие податоци од Грција се алармантни. Тој апелира да им се помогне на ранливите категории. Во октомври оваа година во Атина е отворен и еден вид центар каде нарко зависниците може да се дрогираат. Центарот е финансиран од Европската Унија, ако го посетуваат, зависниците добиваат мал паричен надоместок, безбедни се и обезбедуваат база за анонимни истражувања и доаѓаат по резултати од нивните ХИВ тестови.
Извор:Канал 5Согласно извештајот на Светската здравствена организација, значителен пораст на бројот на заразени е забележан во периодот од 2007 до 2009 година,

Пронајдете не на следниве мрежи: