Богат Кинез на својата идна сопруга со повеќе автомобили и испратил кутии полни со пари, поточно еден милион евра.Идниот младоженец изнајмил 18 возачи, кои ги транспортирале кутиите од бамбус полни со банкноти од по 100 јуани и ги доставиле на домашната адреса на неговата вереница која живее во Жејианг.
Таа дефинитивно се шокирала кога ги отворила кутиите и ги видела сите тие пари.
Скапиот автомобил Масерати, ја предводеше колоната автомобили, со кои беа транспортирани 8.888.888 јуани, односно нешто повеќе од милион евра. Вкупната тежина на парите изнесувала 102 килограми.
Парите се прифатени, а освен вредноста имаат и одредена симболика, затоа што бројот осум се смета за среќен.
Во Жејианг е обичај да се испраќаат веренички подароци, а тие често вклучуваат алкохол.
think.mkИдниот младоженец изнајмил 18 возачи, кои ги транспортирале кутиите од бамбус полни со банкноти од по 100 јуани и ги доставиле на домашната адреса



