Алцхајмеровата болест може да се препознае во очите?!

Откривање на промената на специфичните келии на мрежницата на окото може да помогне во поставувањето дијагноза и следењето на прогресијата на Алцхајмеровата болест.Истражувачите од Универзитетот во американскиот град Џорџтаун и Универзитетот на Хонг Конг нудат нов, поедноставен метод за дијагностицирање на Алцхајмеровата болест.
Експериментите со глувци покажале дека болеста е поврзана со истенчувањето на два слоја на мрежницата на окото, кои можат да служат како биомаркер за развој на Алцхајмеровата болест. Скот Тарнер и неговите колеги ја сметаат мрежницата како директно продолжување на мозокот, што значи дека тоа ги одразува сите процеси кои се случуваат во него – патолошки и невродегенеративни.
Претходните студии покажале поврзаност помеѓу глаукомот и Алцхајмеровата болест, која се изразува во прогресивна деменција поради мозочната дегенерација. Тарнер и неговите колеги утврдиле поврзаност помеѓу развојот на Алцхајмеровата болест и бројот на оштетените биполарни неврони, кои ги пренесуваат сигналите добиени од фоторецепторите во првиот слој на мрежницата.
Моментално Алцхајмеровата болест се открива преку значително поскапи процедури, како позитрон емисионата томографија и анализата на цереброспиналната течност.Истражувачите од Универзитетот во американскиот град Џорџтаун и Универзитетот на Хонг Конг нудат нов, поедноставен метод за дијагностицирање на Алц

Пронајдете не на следниве мрежи: