Станува збор за опасен експеримент кој не се препорачува да го испробате!Доколку веќе долги години водите борба со килограмите, методата за слабеење на 28 годишниот спортист и писател Рос Едглеј може ќе ви изгледа привлечна, но во ниту еден момент не треба да биде вашиот избор, пред се затоа што станува збор за опасен експеримент кој не се препорачува.
Едглеј одлучил да докаже дека во 24 часа е возможно да се изгубат 10 килограми, меѓутоа, неговата мисија била војна против вагата или попрецизно, тој сакал да нагласи дека нашата исхрана и самодовербата не би смеело да бидат потиснати од бројката на вагата која се прикажува кога се мериме.
Во својот блог на интернет порталот “Huffington Post” овој човек напишал: “Многу луѓе им робуваат на вагите и се надевам дека овој експеримент ќе создаде поздрав однос помеѓу луѓето и нивните ваги, па луѓето конечно ќе сфатат и дека варијациите во тежината зависат од многу фактори, а не само од масните наслаги!”.
Диета, тренинзи, диуретици
Во текот на 24 часа, Едглеј се откажал од јаглехидратите, солта и течностите и целиот ден го поминал тренирајќи во специјална облека за потење, во сауна и во специјални солени купки кои што функционираат на начин што дополнително ја извлекуваат течноста од телото.
“Дури 50% од нашето тело е сочинето од вода. Затоа, теоретски гледано, од моите 95 килограми, дури 47.5 килограми се вода”, изјавил Едглеј, уште еднаш нагласувајќи колку неговиот експеримент е опасен: “Водата е неопходна за нормално функционирање на виталните органи, па затоа, внесувањето на доволно течност е од огромно значење”.
Во текот на овој свој еднодневен предизвик, Едглеј користел природни диуретици, како што е витаминот Ц, коренот од глуварче и кофеин, се со цел да го поттикне својот организам за дополнително губење на течноста, па иако во текот на денот испил само 100 милилитри вода, тој во тоалет бил дури 20 пати.
Килограмите ги вратил за само два часа
Едглеј повторно нагласил дека ова не е здрава, ниту пак препорачлива диета… Едноставно, станува збор за експеримент, а сите би требало да бидат и исклучително внимателни при користењето на диуретици: “Не започнувајте со вакви експерименти доколку не сте се запознале со функционирањето на диуретиците затоа што тоа може да предизвикате сериозни здравствени проблеми”, предупредил Едглеј.
Тој додај дека во текот на 24 часа изгубил 10 килограми, меѓутоа не станувало збор за ослободување од масните наслаги, туку за губење на телесните течности, а изгубената тежина ја вратил само по два часа откако престанал со тренингот.
На крајот потсетил дека станува збор за диета со која боксерите се користат во случаи кога сакаат за сосема кратко време да се ослободат од килограмите пред важен натпревар.Доколку веќе долги години водите борба со килограмите, методата за слабеење на 28 годишниот спортист и писател Рос Едглеј може ќе ви изгледа привле



