Додека консумирањето на мајонез не се препорачува заради големиот удел на маснотии, овој омилен додаток во сендвичи може да ви најде во многу ситуации низ дома. Со него може да замените и некои производи од козметичката торбичка.Гумата за џвакање залепена за косата лесно може да ја симнете со мајонез. Џворот намачкајте го со мајонез и оставете 2-3 мин. за маснотијата да продре до косата, а потоа нежно со густ чешел извадете ја мастиката. Пред маникир прстите ставете ги во сад со мајонез, па задржете ги околу 5 мин, за ноктите и кожичката околу нив да омекнат. Флеките и шарите од пастелни бои по ѕидовите, мајонезот ги отстранува само за 5 мин. На секоја флека нанесете мајонез во тенок слој, почекајте да отстои и пребришете ги со сува чиста крпа. Налепниците од метални, дрвени или пластични површини може без видливи последици да ги отстраните со помош на мајонез. Постапката е едноставна, обилно намачкајте мајонез преку налепниците, кога убаво ќе се впие мајонезот, ќе биде доволна само една крпа за да ги отстраните. Мајонезот успешно ја трга и одбива прашината од листовите на куќните билки. Со сува крпа земете малку мајонез и пребришете го секој лист, на овој начин ќе постигнете сјај, а истовремено ќе спречите таложење на прашина врз листовите, барем на некое време.
Наметниците кои се населуваат во косата, како вошки и гниди, може да се отстранат со обилно премачкување со мајонез. Пред спиење на темето нанесете мајонез и добро измасирајте, косата прекријте ја со капа за туширање, оставете преку ноќ, па наутро темелно исперете, па мократа коса расчешлајте ја со густ чешел. Флеките од чаши на дрвена маса ќе ги отстрани малку мајонез. Две до три лажици мајонез нанесете на мека крпа или хартија за бришење и премачкајте го местото на масата каде што се појавиле флеки.
Оставете да делува 15 мин. Убаво избришете.
Составот на мајонезот е хранлив за ноктите, спречува појава на заноктици и го забрзува нивното исцелување. Барем три пати неделно на рацете нанесете мајонез, почекајте кожата да го впие, па исперете се со јаболков оцет за да ја неутрализирате миризбата на мајонез. Пукнатините кои настануваат на дрвениот мебел, невозможно е д се избегнат. За да го решите овој проблем, дупките исполнете ги со мајонез и оставете да стојат така најмалку два дена, па потоа исчистете со обична крпа. Комбинацијата од масло и протеини ќе го нахрани и наполни дрвото, па на тој начин ќе се затворат и пукнатините.
Lady.mkГумата за џвакање залепена за косата лесно може да ја симнете со мајонез. Џворот намачкајте го со мајонез и оставете 2-3 мин. за маснотијата д



