Дрога за силување која ја ставаат во пијалоците-ја има ли во Македонија?

Светските искуства на полициските служби потврдуваат дека постои дрога која се користи во вакви случаи и им се подметнува на жртвите. Тоа е рофинолот, чиешто улично име е руфис. Поинаку се нарекува и мексикнски валиум или едноставно дрога за силување.
Рофинолот е силен седатив, чија основа е бензодијазепам и дејствува по само дваесетина минути од консумирањето, а ефектите се опуштеност и безгрижност, но и краткотрајно губење на меморијата. Дејството е меѓу осум и дваесет и четири часа, а жртвата не се сеќава што се случувало во тој временски период и токму затоа е популарна кај сексуалните предатори.
Со употребата на оваа дрога лесно се контролира однесувањето на дрогираната личност. Рофинолот е без мирис и вкус и лесно се раствора во безалкохолни газирани пијалаци.
Кога се комбинира со алколхол и други дроги, рофинолот ги оштетува моторните способности, способноста за расудување и предизвикува губење на меморијата.

 
 
Слична дрога е и ГХБ, што е скратено од гамахидробитурат, а уличното име и е фантазија. Консумирањето на ГХБ предизвикува силна желба за секс, еуфорија, како и краткотрајно губење на меморијата, па затоа често се употребува и им се подметнува на жртвите.
Во Македонија досега не е регистриран ваков случај или пак биле запленети овие типови дрога. Но летово 22 годишна државјанка на Франција пријави дека  била силувана од три непознати момчиња кои и подметнале дрога во пијалакот. Според нејзината изјава таа била во дискотеката “Колосеум” во Градскиот парк и околу 3 часот и пришло момче кое ја понудило со пијалак. Таа го прифатила и го испила, а дваесетина минути подоцна насила ја извлекло од дискотеката и со такси-возило ја однело во хотел за кој не знаела да каже како се вика или пак каде се наоѓа. Таму во една од собите ја силувало, а потоа телефонски повикало уште три лица, негови пријатели, кои таа прв пат ги видела.
Извор: mkd-news.comТоа е рофинолот, чиешто улично име е руфис. Поинаку се нарекува и мексикнски валиум или едноставно дрога за силување.
Рофинолот е силен сед

Пронајдете не на следниве мрежи: