Швајцарецот Максимилијан Јаниш без проблеми го положи тестот по математика oд големата матура, добивајќи најголема оценка, што му овзможи да посетува настава на Универзитет во Цирих.На Универзитетот на располагање му е сета потребна литература и секој втор ден има средби со универзитетски професор со кои разговара на бројни теми. И сето ова не би било, ништо невообичаено, ако Максимилијан немаше само 10 години.
Неговите родители, таткото пензиониран професор по математика и 48-годишната мајка економистка, се обиделе да го запишат на Математичкиот факултет, но тоа уште не му е дозволено бидејќи ги нема положеnо сите приемни испити.
– Ова е првпат да имаме така млад и талентиран студен во рамките на програмата која е наменета за натпросечно надарените средношколци, изјави професорот Михаел Хенгартнер од Универзитетот во Цирих.
Максимилијан веќе прескокна три одделенија во основното училиште, а сега оди во гимназија заедно со 13-годишни деца со кои тешко наоѓа заеднички јазик.
– Немам со кого да разговарам за Архимед, а поглем број од моите соученици не ни знаат кој е Гаус, изјави Максимилијан во интервју за весникот „Зонтагс Цајтунг“. Инаку, Карл Фридрих Гаус е познат германски математичар.
Извор: Think.mkНа Универзитетот на располагање му е сета потребна литература и секој втор ден има средби со универзитетски професор со кои разговара на бројни тем