Чомски: 10 стратегии за манипулација со луѓето

Сиромашните слоеви од општетството треба да бидат лишани од пристапот на разбирање на системот за манипулација, квалитетот на нивното образование задолжително мора да биде полош во однос на образованието кое го имаат одние од високите слоеви. Јазот помеѓу повисоките и пониските слоеви и образованието стана непремостлив.1. Пренасочување на вниманието
Одвлекување на вниманието на јавноста, и заменување на важните прашања со сосема неважни. Презаситување на луѓето со поплава од ирелевантни информации, како луѓето не би размислувале и би ја немале можноста да стекнат основни познавања за разбирањето на светот.
2. Создавање на проблеми
Овој метод исто така е наречен “проблем-реакција-решение”. Треба да се создаде проблем, како дел од јавноста би реагирала на него. На пример да предизвикате и емитувате/ пренесувате информации од насилство, со намера и цел јавноста/ таргет групата која ја следи да добие впечаток дека има ограничување на слободата, економска криза или да се оправда рушењето на благосостојбата на државата.
3. Постепено градење на промените
За да се согласи јавноста со некои такви неприфатливи мерки на промена, се воведува метода на постепена промена, “лажичка по лажичка”, со месеци и години. Промените кои може да предизвикаат отпор, они кои се спроведат брзо и во многу краток временски период, се спроведуваат со политиката на мали чекори, или чекор по чекор. Светот така се променува во текот на времето без луѓето да бидат свесни за промените кои настануваат.
4. Одложување
Уште еден од начините како да ја подготвиш јавноста за непопуларни промени е тие промени да се објавуваат и најавуваат многу порано, предвремено. Така луѓето не ја чувствуваат целосната тежина од тие ненадејни промени, тие се претходно навикнати за самата идеја за промените. Покрај тоа и “заедничката надеж за подобра иднина” прави полесно да се прифатат.
5. Употреба на детски јазик
Кога се однесувате со возрасни како да се однесувате со деца, се подигнуваат два корисни ефекта: јавноста ја потиснува својата критичка свест и тогаш пораката има посилно дејство/ ефект врз луѓето. Овој сугестивен механизам нашироко се користи во рекламирањето.
6. Будење на емоциите
Злоупотребата на емоциите е класична техника која се користи за предизвикување на кратка реакција, спој кој се јавува додека расудуваш разумно. Критичката свест заменета со емотивни, емоционални импулси (бес, страв и тн.) Употребата на емоционалниот склоп овозможува пристап до несвесното, па потоа на тоа ниво е полесно да се спроведат, имплементираат најразлични идеи, желби, грижи, страв или принуда кои секако дека можат да предизвикаат одредени однесувања.
7. Незнаење
Кога на сиромашните слоеви не им е дозволено разбирањето на системот за манипулација со луѓето. Квалитетот на образовниот процес на ниските друштвени слоеви треба да биде што послаб и под просекот, како би можел јазот помеѓу повисоките и пониските слоеви и образованието како цело стане непремостлив.
8. Глорификација на глупости
Јавноста треба да биде охрабрена да ја прифати просечноста. Потребно е да се убедат луѓето дека е ин, во мода и пожелно да се биде глуп, вулгарен и неук, неписмен. Истовремено е потребно да се поттикне отпорот и неприфаќањето на културата и науката.
9. Создавање чувство на вина
Треба да се убеди секој поединец дека тој и само тој е одговорен за својата нереќа, поради недостаток на конкретно образование, дефицитарни вештини, ограничени способности, инвалидитет или недостаток на вложен труд. Така несигурен и потценет поединец, оптеретен со чувство на вина, ќе се повлече од потребата да ја најде неговата соодветна позиција во општеството и ќе се откаже од револтот против економскиот систем.
10. Злоупотреба на знаењето
Брзиот развој на науката во последните 50 години создава огромен јаз, дупка помеѓу знаењето кое стига до јавноста и она кое го поседуваат и користат, владеачката елита. “Системот” благодарение на биологијата, неуробиологијата и практичната психологија имаат пристап до напредното знаење за човекот и на физичко и на ментално ниво.
think.mk1. Пренасочување на вниманието
Одвлекување на вниманието на јавн

Пронајдете не на следниве мрежи: