Девојката која беше снимена во орален секс на концертоот на Еминем пред над 6.000 луѓе, се исповеда и кажа што навистина се случило. Тинејџерката од Ирска која на интернет е позната како “slane girl” тврди дека пред концертот нешто и ставиле во пијачката.
Таа беше снимена како орално задоволува момче пред публиката на концертот на Еминем, а снимката набрзо се прошири на интернет.
Поради сериозните тврдења, полицијата испрати примерок од крвта на оваа 17 годишна девојка на анализа.
Таа моментално е во болница со тешко психичко раствојство.
Девојката изјавила дека момчињата пред концертот „и ставиле нешто во пијачката“ Освен што се проверува дали навистина била дрогирана, полицијата ги бара и оние кои ја поставиле снимката на социјалните мрежи, а наместо”slane girl” – име под кое одеше снимката, сега се појави нова ознака на интернет #slanegirlsolidarity – под која се собраа сите што сакаат да и помогнат на посрамената девојка.
Линди Мекдауел, новинарка од Белфаст Телеграф изјави дека ова е време во кое девојчињата се прерано сексуализирани а не можат да го поднесат притисокот кој е над нивното искуство. Се фотографира се и се дава на увид на целиот свет без да се помисли колкава штета тоа може да нанесе на поединците, вели новинарката. Тинејџерката од Ирска која на интернет е позната како “slane girl” тврди дека пред концертот нешто и ставиле во пијачката.