Исповед на силуваната девојка: Ме силуваа на ливада, па се фалеа во село!

Девојката која беше силувана на свадба во Нови Сад, овие денови со семејството преживува нови драми, поради лагите пренесени од медиумите. Таа беше претставена како проблематична и промискуитетна личност. Девојката Ј.Л.(20) ги негира овие наводи, затоа што сака како што вели, да ја зачува честа на своето семејство, додавајќи дека медиумите со нивните лаги ставаат сол на нејзината рана.
„Ме погоди тоа што во медиумите бев толку многу навредувана и што никој од новинарите не дојде кај мене ниту кај моето семејство да не праша што и како се случило. Ме погодува тоа што во текстовите велат дека сето тоа сум го измислила. Невкусни се насловите како, две момчиња силувале девојка, а сето тоа го гледале сватовите … Јас не сум силувана во напуштена куќа, наводно одалечена неколку стотици метри од шаторот и местото на свадбата, како што некои медиуми наведоа, туку во блиската ливада кога се упатив кон тоалет. Тие двајца кои ги знаев од порано и за кои никогаш не би помислила дека ќе ми го сторат тоа дојдоа со мене, иако не бевме во заедничко друштво на свадбената прослава. За брзо време ме нападнаа во темнината, ме фрлија  на земја и го направија тоа што го направија“, вели  оваа девојка.
Таа вели дека тогаш викала, плачела, но никој не чул дека и е потребна помош.
„Ме тепаа и набрзо изгубив сила и свест. После тоа се разбудив со модринки по телото, рацете и главата. Џемперот на мене беше искинат, маицата ми беше сета со кал, ногата страшно ме болеше и едвај дојдов до куќата на баба ми. Не смеев да кажам што ми се случило. Сакав прво се да премолчам и ништо не им кажав на родителите. Се охрабрив со мојата сестра која беше со мене во понеделникот 12 август, кога сите ги пријавивме во полиција во Приједор и Нови Сад, по што бев однесена на гинеколог. Најлошо е тоа што после пријавувањето на моите пријатели кои беа со мене на свадбата, не сакаа да застанат на моја страна. Веројатно од страв од насилниците“, сведочи девојката.
Нејзиниот татко М. Л. вели дека е огорчен затоа што ниту тој ниту ќерка му не биле во можност да ја изнесат целата приказна во медиумите. Окружното Обвинителство во Бања Лука, по деталното испитување, поднесе предлог до Окружниот суд во Бања Лука за притвор на М. Д. (24) и Д. Б. (23), двајцата од Нови Сад, поради постоење на основано сомнение за сторено кривичното дело силување на Л. И.
Двајцата се во притвор, а според неофицијални информации, за немилиот настан знаело уште едно момче, кое се гледало и потоа и помогнало на девојката да се облече.
„Тој ден осомничените за кривичното дело силување оделе низ селото и се фалеле за она што го сториле“, открива извор од полицијата, додавајќи дека на осомничените според Кривичниот законик на Р.С. им се заканува казна од 15 години затвор, а слично би можело да добие и споменатиот „набљудувач“.
Извор: denesen.mkДевојката Ј.Л.(20) ги негира овие наводи, затоа што сака како што вели, да ја зачува честа на своето семејство, додавајќи дека медиумите со нивните

Пронајдете не на следниве мрежи: