Фото: Ова момче напиша Фејсбук статус кој го потресе цел Балкан!

Фејсбук статусот кој го напиша ова момче дефинитивно допре до срцата на многумина и го потресе цел Балкан. Момчето Неџад Бешировиќ од БиХ кој има 19 години боледува од рак, а со својот статус напишан на Фејсбук допре до срцата на сите Балканци.
„Јас сум тој, „оној малиот“ што има рак, ма знаеш тој за кого се собираат пари за да преживее. Да, јас сум тој. Јас сум касичка за доброволен прилог во вашите банки, жиро сметки, хуманитарен концерт, хуманитарен број…Тоа е мојот број, тоа е мојот живот и мојата реалноста. Да, тоа сум јас.
Но, јас сум и тој кој детството го помина во болничките ходници, родендените ги славеше во болничките соби, светското фудбалско првенство го следеше од болничкиот кревет (ме прекинуваа медицинските сестри за да ми ја измерат температурата)…. И јас сеуште сум оној кој го испи животот на неговите најмили, како што оваа „моја“ болест ме испива мене.
Би сакал да не е така, би сакал никогаш да не сте слушнале за мене и да ме познаваат само моето семејство, пријателите, соседите, или пак да сте слушнале за мене поради нешто добро. Да сум, „оној малиот“ што го напуштил училиштето бидејќи истото не му одело, а не поради болест, ма се да сум само не „оној што има рак“.
Жалам што сум ви товар, што сите ве молат во мое име да ми помогнете, што и јас ве молам во мое име да ми помогнете, но не е поради мене…. Мене ми е моите блиски да не останат без мене, не можам тоа никако да им го направам. Видов кога моите „пријатели по постела“ заминаа, видов која тага остана зад нив и тоа мојата мајка не би го поднела, како да и го направам тоа? Кој од вас би можел на својата мајка да и направи такво нешто.
Затоа одлучив да успеам и кога се ќе помине, ќе завршам факултет, па и мојата мајка ќе може да се фали со мене, а не само да зборува за рецепти кои лечат рак. Ќе имам свое семејство и деца и на нив ќе им кажувам…. Како татко им некогаш одамна бил болен, како се „извлекол“….луѓето му помогнаа. Сите биле тука за него и никогаш, баш никогаш тоа не им го заборавил…., заклучува Неџад.Момчето Неџад Бешировиќ од БиХ кој има 19 години боледува од рак, а со својот статус напишан на Фејсбук допре до срцата на сите Балканци.
&

Пронајдете не на следниве мрежи: