четврток, 26 ноември 2026
Најново

Внимавајте: Храна што ја јадеме причина за бактериските инфекции!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На скопската Клиника за инфективни болести деновиве врие од пациенти од сите возрасти коишто имаат разни здравствени проблеми како што се: гастроентеро колити, бактериски инфекции, цревни инфекции, како и пациенти со тешки заболувања кои не се примени на другите клиники и бараат лекарска помош на Инфективна, пишува Вечер.На скопската Клиника за инфективни болести деновиве врие од пациенти од сите возрасти коишто имаат разни здравствени проблеми како што се: гастроентеро колити, бактериски инфекции, цревни инфекции, како и пациенти со тешки заболувања кои не се примени на другите клиники и бараат лекарска помош на Инфективна, пишува Вечер.
Симптоми кај болните се болки во стомакот, повраќање, дијареа, а во некои случаи висока телесна температура и општа слабост на организмот. Лекарите велат дека треба да се внимава да не се дозволи дехидрација на организмот.
Лабораториски и годинава најчесто изолираната бактерија е салмонела.
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат предупредуваат да не се купува храна од пазарите каде нема услови за соодветно чување. Според нив инспекторите секојдневно се во контроли на пазарите и не се дозволува да се продаваат на тезга месо и млечни производи. Се контролира и хигиената на објектите каде што се служи брзата храна. Контрола има и на здравствената хигиена на подготвувачите на храна и оние што ја продаваат.
Како што велат инспекторите базирајќи се на искуството од минатите години најчестите труења се регистрираат во слаткарниците, бурекчилниците и сендвичарниците.Тие ги предупредуваат граѓаните да внимаваат од каде купуваат храна,да го проверуваат рокот на употреба и да не консумираат сендвичи со мајонез кој не е фабрички произведен.
Што се однесува за вирусот на западен нил, д-р Петрушевска вели дека ова лето во земјава е регистриран само еден полесен случај на заболен од нилска треска.На скопската Клиника за инфективни болести деновиве врие од пациенти од сите возрасти коишто имаат разни здравствени проблеми како што се: гастроен

Поврзани вести