Колку чини едно чудо?

Вистинска приказна!Ова е вистинска приказна за едно осумгодишно девојче кое покажало дека љубовта може да биде чудесна. Животот на нејзиниот помал брат полека згаснувал поради тумор на мозокот.
Родителите биле многу сиромашни, но сепак и покрај тоа го заложиле целиот имот и направиле се за да го спасат. Една вечер нејзиниот татко и се обратил на уплаканата и мајка: „Не можеме повеќе вака, драга. Мислам дека дојдовме до крајот. Немаме повеќе пари и нашиот син може да го спаси само чудо.
Девојчето го слушало целиот разговор, притаено во аголот. Отрчала во својата соба, ја разбила касичката со пари и тивко побрзала до најблиската аптека. Стрпливо чекала, а кога дошла на ред, се поткренала на прсти за да достигне до пултот, каде го ставила целиот свој ситнеж.
„Што ти треба душо?“ – ја запрашал фармцевтот.
„Тоа е за мојот брат, господине, многу е болен. Дојдов да му купам едно чудо“ – му одговорило девојчето.
„Не успеав да те разберам најдобро?“ – збунето ја гледал фармацевтот.
„Се вика Андреј. Има нешто што му расте на глава. Тато вели дека е готово и дека само чудо може да го спаси. Јас толку многу го сакам мојот брат, па затоа го донесов моето мало богатство, за да му купам едно чудо.“
Фармацевтот тажно се насмеал и одговорил: „Но, ние не продаваме чуда.“
Девојчето било упорно: „Ако немам доволно пари, можам да побарам уште. Колку чини едно чудо?“
Во аптеката бил присутен и еден висок човек со сериозно лице кој со голем интерес го следел разговорот. Додека фармацевтот немоќно ги ширел рацете, расплаканото девојче ги собирало своите метални парички.
Високиот човек и пришол и ја запрашал: „Зошто плачеш, мала? Што се случило?“
„Господинот фармацевт не сака да ми продаде едно чудо, нити пак сака да ми каже колку чини. Чудото е за мојот помал брат Андреј кој е многу болен. Мајка ми вели дека мора на операција, а татко ми пак вели дека тоа неможеме да го платиме и дека нашиот Андреја само чудо може да го спаси. Затоа донесов се што имав.“
„Колку имаш?“ – ја запрашал високиот господин.
Повеќе на think.mkОва е вистинска приказна за едно осумгодишно девојче кое покажало дека љубовта може да биде чудесна. Животот на н

Пронајдете не на следниве мрежи: