Видео: Дете четири години било злоставувано од мајката и нејзиното момче

Парот од Мичиген се изјаснил за виновен, односно признале дека четири години го држеле затворено детето кое сега има 15 години и го злоставувале.
Жена и нејзиното момче признале дека вршеле тортура над малолетното дете. Од полицијата рекле дека детето ретко излегувало од импровизираната соба, а постојано бил мачен и злоставуван.
Тој е спасен од таа куќа во април оваа година. Мајката на детето која има 46 години се изјаснила за виновна за злоставување и мачење, додека нејзиното 47-годишно момче признал дека и помагал во тортурата и сексуалното злоставување.
Пресудата ќе биде изречена во август.
Според она што пишуваат американските медиуми сите соседи биле изненадени кога парот бил уапсен. Најмногу биле изненадени дека нивното дете живеело во куќата.
Велат дека кај нив никогаш не виделе велосипед или некои други играчки. Целиот случај го открил роднина на семејството кој се загрижил дека долго не го видел детето па пријавил во полиција.
Од полицијата велат дека кога дошле до момчето, тој бил шокиран, бидејќи со години не видел никој освен својата мајка и нејзиното момче.
Се трага по биолошкиот татко на момчето, за случајот да биде подетално истражен.
Името на мајката како и името на нејзиното момче не се откриени поради заштитa на идентитетот на момчето.Парот од Мичиген се изјаснил за виновен, односно признале дека четири години го држеле затворено детето кое сега има 1

Пронајдете не на следниве мрежи: