Иако варирањето во килажата кај жените е нормално, понекогаш за подуениот стомак поаради кој изгледате подебело отколку што навистина сте, не се одговорни килограмите туку одредени намирници кои ги внесувате во организмот.
Следуваат петте главни причини за подуеност на стомакот:
Млеко
Сите знаеме дека мекото во прекумерни количини не е здраво за нашето здравје. Но ако на вас ова ви предизвикува проблеми со варењето и подуеноста можеби проблемот е во вашиот организам кој не поднесува лактоза.
Скроб
Ако намирниците богати со скроб ви предизвикуваат подуен стомак неморате да ги исфрлите од вашата прехрана, туку да ги одберете оние кои не го прават тоа.
Пченицата, јачменот и ‘ржта содржат големи количини на фруктоза што ако ги консумираме доведуваат до подуеност. Подобро во вашата чинија да се појави компир, ориз, пченка или овес, кои содржат многу помали количини на фруктоза.
Овошје
Иако овошјето е преполно со здрави состојки како што се витамините и минералите, и тоа може да биде причина за подуеност. Причината лежи во количината на фруктоза и гликоза во овошјето. Подобро одберете грејпфрут или цитрон, бидејќи тие, за разлика од јаболките и крушите содржат многу помали количини од споменатите состојки.
Замена за шеќер
Сорбитол и ксилитол се вештачки засладувачи кои ги наоѓаме во таканаречените диетални пијалоци и гуми за џвакање.
Ако осетите подуеност по консумирањето на диеталната храна и диеталниот пијало, избегнувајте такви производи. За лична примена подобро употребете природен засладувач како што е агава сирупот.
Се надеваме дека ви помогнавме околу изборот на храна и пијалоци. Доколку ги следите советите нема да имате никаков проблем со подуеноста. Иако варирањето во килажата кај жените е нормално, понекогаш за подуениот стомак поаради кој изгледате подебело отколк