Иако неговата куќа била одалечена на еден километар од една прекрасна плажа, Рики Напути таму не бил со години. Тој ја загубил битката со времето.
Имено, Рики(39) бил тежок околу 400 килограми. Не ја посетил плажата затоа што на островот каде што живеел не постоело возило кое може да ја издржи неговата тежина. Починал на 10 ноември 2012 година. Неговата приказна излегла во јавност откако за неговиот живот е направен документарен филм со наслов „Трка против времето“. Филмот е објавен на 22 мај.
-Со години не сум бил надвор и не сум уживал. Ми недостига да го почувствувам сонцето на мојата кожа“- вели Рики во документарецот.
Операцијата требала да му го спаси животот
Со текот на времето работите се влошиле па тој со помош на авион бил пренесен во болница во САД каде требало да му се изврши итна операција. Но зафатот не помогнал многу.
Сопругата му помагала во се
Во неговата борба не бил сам. Додека тој деновите ги поминувал во кревет, неговата сиоруга Шерил, со која во брак бил 10 години, се грижела за него, за неговите секојдневни потреби. Одела на пазарење, готвела, перела, дури и му помагала обидувајќи се да го подигне.
-Тоа беше исто како да се грижам за големо дете- вели Шерил.
Дури и кога се запознале тој имал зголемена телесна тежина но успеал да ја шармира преку телефон. Па, таа посакала да го запознае, откако се запознале таа се заљубила во него.Иако неговата куќа била одалечена на еден километар од една прекрасна плажа, Рики Напути таму не бил со години.