За повеќето од жените шминкањето е рутинска активност. Веќе имаат свој добро научен модел за шминкање и производи кои ги користат. Но проверете дали правите се онака како што треба/ Еве неколку едноставни совети од стручните лица.
Морате да користите фиксатор
Нормално, постојат одлични make-up фиксатори. Има онакви кои се користат за целото лице и оние кои служат за фиксирање на сенката на очите. Парадоксално е дека тие наутро можат за ви заштедат во време потребно за шминкање, бидејки со нив пудрата полесно се размачкува на лицето какошто и повеќето нијанси на сенките за очи полесно се нанесуваат и совпаѓаат на очните капаци. Но ако видите дека вашиот фиксатор не дава такви резултати и не ги намалува неправилностите на лицето, едноставно прескокнете го.
Четката е задолжителна
Славната Troy Surratt не се согласува со ова. Таа смета дека и прстите се подеднакво добри. Професионалците користат четки при украсувањето на очите на клиентите, бидејќи постојат и онакви личности кои можеби несакаат да ги допират, но сепак прстите имаат свои предности. Тие ја загреваат шминката такашто полесно се прилагодува на кожата. Освен тоа полесно ќе можете да забележите кога шминката ќе почне да се развлекува нместо да лизга, тоа е знак дека треба да додадете уште малку. – се изјаснува Surrat.
Пудра на целото лице
Можеби ви е потребна течна пудра на целото лице, но тоа не значи дека треба со подеднаков слој да ги покриете сите делови од лицето, бидејќи на тој начин вашето лице ќе изгледа како под маска. Најмногу црвенило имате околу ноздрите , на врвот на носот и на врвот од брадата. Затоа пудрата нанесете ја почнувајќи од средината према надворешните рабови на лицето.
Не користете пудра во прав
Стручните лица дале зелено светло за користењето на пудри во прав, особено кога станува збор за образите и брадата. Меѓутоа треба да се избегнуваат оние места кадешто брчките се највидливи, како што е челото и подрачјето околу очите. Доколку имате проширени пори, тогаш избегнувајте го користењето на пудра во прав, бидејќи така само повеќе ќе ги изразите.
Коректорот мора да биде многу светол
Не мора. Подочниците можете да ги прикриете и со коректор кој има одраз на праска или други розеви тонови. Единствено нешто на кое морате да внимавате е сето тоа да делува природно, за да не би изгледале како ракун.За повеќето од жените шминкањето е рутинска активност. Веќе имаат свој добро научен модел за шминкање и производи кои