Некои мислат дека преку линиите на дланките може да се одреди судбината на човекот, додека пак науката тврди дека може преку линиите на дланките да се дијагностицира некоја медицинска состојба.
Линиите на дланките помагаат на кожата да се шири и собира. Кога ќе ја собереме дланката, линиите даваат простор кожата да се спои. Од слична причина имаме поголеми набори на местата каде се наоѓаат коските на прстите.
Поголем број од луѓето имаат три истакнати линии на дланките, но се случува да постои и само една линија, наведува Националниот институт за здравје.
Само една линија на дланката може да покажува на неправилен развој. Понекогаш е присутна кај бебињата кои боледуваат од Даунов синдром или фетален алкохолен синдром. Дебелината и бројот на линиите на дланката зависат и од семејната историја и расата.Некои мислат дека преку линиите на дланките може да се одреди судбината на човекот, додека пак наукат