Се почесто слушаме жени како заболуваат од рак на дојката. Стравувате дека и Вие сте една потенцијална носителка на ваквата болест. Еве на што треба да обрнете внимние, и од што не треба да се плашите.
Мит: само жените со историја на рак во семејството имаат ризик да добијат рак Вистина: околу 70 проценти од жените на кои им е дијагностициран рак на градите немаат ниту еден ризик фактор за болеста. Сепак, оние кои имале родител, брат или дете кои имале рак на градите имаат двојно поголем ризик да добијат рак. Доколку има двајца најблиски роднини со оваа болест, тогаш шансите дополнително се зголемуваат.
Мит: носењето на градник со жица може да предизвика рак
Вистина: тврдењата дека ваквите градници го стегаат лимфниот систем на градите при што токсините се акумулираат и доаѓа до рак на градите, се отфрлени како неосновани. Ниту еден градник или пак тесна облека не е поврзана со ризикот од рак на градите.Мит: повеќето грутки во градите се канцерогениВистина: во просек 80 проценти од грутките во женските гради се предизвикани од бенигни промени, цисти и други слични состојби. Сепак, докторите препорачуваат секоја промена која што ќе ја забележите на градите да ја пријавите кај својот матичен лекар со цел да се открие дали станува збор за рак. Мит: инплантите го зголемуваат ризикот од рак Вистина: жените кои ставиле силикони не се во поголем ризик да заболат од рак од другите жени. Но, кога станува збор за прегледите на нивните гради стандардните мамографи не можат со голема прецизност да го дијагностицираат заболеното ткиво.
Мит: секоја жена има 1 од 8 шанса да заболи од рак на дојкаВистина: Ризикот за рак на градите се зголемува со годините. Во 30-тите години од животот шансата да заболите од рак е 1 во 223, додека како стареете до 85 години ќе се зголеми на 1 од 8.Мит: ставањето антиперспирант го зголемува ризикот од ракВистина: гласината доаѓа од American Cancer Society, но и од таму велат дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврди тврдењето. Претпоставката за поврзаноста доаѓа поради пронаоѓањето на исти супстанци во примерок од заболена дојка и во антиперспирантите. Сепак, не е познато дали супстанцата била од самиот антиперспирант или пак од друг извор. Мит: малите гради имаат помали шанси да заболат од ракВистина: нема поврзаност помеѓу големината на вашите гради и ризикот да добиете рак. Оние кои имаат многу големи гради потешко е да се прегледаат за разлика од оние со помали. Во суштина секоја жена треба редовно да се прегледува и да внимава на себе. Мит: ракот на градите секогаш доаѓа во форма на груткаВистина: појавата на грутка може да биде знак на рак, но жените треба да внимаваат и на друг тип на промени како отекување, иритација на кожата, болка во градите и брадавиците, црвенило, испуштање на бела материја и задебелување на кожата. Од друга страна мамографот може да забележи рак и кога нема никакви очигледни симптоми.
Мит: не можеш да добиеш рак после мастектомија (отстранување на градите) Вистина: иако отстранувањето на градите е превентивна мерка, сепак постои мала шанса од појава на рак особено кај оние жени кои веќе имаат ризик од појавување на оваа болест. Мит: кофеинот предизвикува ракВистина: нема никаква поврзаност помеѓу кофеинот и ракот на дојката. Некои истражувања дури покажуваат дека доколку земате кофеин се намалува ризикот од болеста.Мит: жените кои имаат фиброцистични промени на градите имаат поголем ризик да заболат од ракВистина: во минатото се веруваше дека постои ваква поврзаност, но истражувањата ја елиминираа таа можност. Сепак, доколку имате вакви гради малку е потешко да се направи разлика помеѓу здравото ткиво и канцерогеното за време на прегледите.
Мит: Ако резултатот од мамографот е негативен нема потреба од грижаВистина: иако мемографите се мошне корисни во дијагностицирањето на ракот, сепак има можност за грешка од 10 до 20 проценти. Токму затоа е неопходно да се направат дополнителни испитувања за да се биде потполно сигурен. Мит: преголемата тежина го зголемува ризикот од ракВистина: доколку сте премногу дебели навистина имате поголем ризик да заболите од рак на дојките. Ова особено важи за жени кои се во менопауза и за оние кои се здебелиле подоцна во текот на животот. Мит: постои превенција од ракот Вистина: за жал се уште не постои бидејќи не е утврдено што точно го предизвикува. Доколку имате ризик фактори како генетска предиспозиција за добивање на болеста тогаш можете да го намалите ризикот така што ќе се исхранувате здраво, ќе ослабнете, ќе вежбате и слично. Сепак, ниту тоа не е 100% гаранција дека нема да се разболите.Се почесто слушаме жени како заболуваат од рак на дојката. Стравувате дека и Вие сте една потенцијална носителка на ва