вторник, 24 ноември 2026
Најново

Нова брошура: „Документи испратени од Тодор Александров до СССР [декември 1923 година]“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Државниот архив на РМ ја збогати својата издавачка дејност со неколку значајни документи за државноста на Македонија токму во пресрет на 25-годишнината од независноста на Република Македонија.Новата брошура на Државниот архив на РМ претставува прво објавување на целината документи од Тодор Александров до СССР, кои претставуваат платформа за идните преговори меѓу ВМРО и СССР. Документите се настанати веднаш по промената на картата на Европа како резултат на Париската мировна конференција и формирањето на Советскиот Сојуз во 1922 година.
Во тој период СССР се подготвува за воспоставување нов светски поредок односно „светска револуција“ гледајќи ги почетоците во идни востанија најпрво кај неразвиените народи. Оттаму потекнало поврзувањето со македонските револуционери „автономисти“ и „федералисти“. СССР ги преферира „автономистите“ на Тодор Александров, кој во 1923 година ги праќа во Москва своите делегати Димитар Влахов и Борис Мицов.
Самиот лично преговара со познатиот советски разузнавач Борис Шпак (Андреев). Главна цел на Тодор Александов во тоа време била СССР да ја признае ВМРО како „единствен изразувач на суверената волја на Македонија“, со идеја за признавање на идната нова држава – независна Македонија. Брошурата опфаќа пет документи: Изваштај на Андреев (Борис Шпак) за преговорите со членот на ЦК на ВМРО Тодор Александров, декември 1923 г.; Проект за спогодба меѓу ВМРО и Руската Советска Република од ЦК на ВМРО, 30 декември 1923 г.; Декларација на ЦК на ВМРО за таканаречените „федералисти“, 30 декември 1923 г.; Прилог бр. I кон Декларацијата: Изложување на покрупните извесни грабежи и разбојништва извршени во Македонија (1918-1922), Прилог бр. II кон Декларацијата: Список на опасните разбојници и нивните инспиратори, јатаци и др. и Полномоштво за Димитар Влахов од Тодор Александров, 30 декември 1923 г.Новата брошура на Државниот архив на РМ претставува прво објавување на целината документи од Тодор Александров до СССР, кои претставуваат платформа

Поврзани вести