Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство ве информира за објавувањето на новата книга на Жарко Кујунџиски, Ние предметите е негова трета поетска збирка. За корицата на книгата е искористена сликата Љубов на месечината на уметникот Ване Костуранов.Џеси Блејз е Жарко Кујунџиски. Или Жарко Кујунџиски е Џеси Блејз. Затоа и песните во оваа збирка се најмногу во оној препознатлив, урбан и љубовен стил. Но, ако внимателно читаме, ќе најдеме и стихови што како да се создадени во поетската работилница на Блаже Конески, Влада Урошевиќ, Рејмонд Карвер, Андре Бретон…
Новиот поетски ракопис на Жарко Кујунџиски содржи четири дела: пролог, два циклуса – Ние и Предметите,двата со по 32 песни, и епилог. Станува збор за една хармонично структурирана книга стихови, која пленува со својата инвентивност и со висок степен на култура на изразот, како што му прилега на поетскиот дискурс.Жанровското богатство на песните поместени во ракописот: од лирски минијатури што понекогаш прозвучуваат и како филозофски сентенции – до подолги наративни стихови, како и високо стилизираниот исказ, одат во прилог на неговите несомнени естетски вредности.
„Песните се одликуваат со мошне впечатливи поетски слики, неретко во еден манир сроден на надреалистичкиот, во смисла на очудување на реалното, игра со вообичаеното и со нашата рационална свест. Тематскиот дијапазон е широк и разновиден; опфаќа љубовни мотиви, митски реминисценции и автопоетички размисли околу поезијата, неретко со еден (авто)ироничен призвук“, вели во својата рецензија кон збиркатаЛидија Капушевска-Дракулевска.
Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Жарко Кујунџиски (роден 1980) е македонски романсиер, есеист, драмски автор, поет и филмски критичар. Дипломирал во 2003 година, а подоцна и магистрирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил колумнист во дневните весници „Утрински весник“ и „Дневник“, основач и уредник на електронското списание „Репер“, копирајтер во маркетинг-агенција и прес-координатор на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ од Битола. Главен уредник е на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје. Автор е на 11 книги. Негови дела се преведени на англиски, српски, хрватски, словенечки, полски, германски, турски, бугарски, италијански, украински и на албански јазик. Застапен е во повеќе антологии на македонската проза и поезија. Неговиот расказ Кога се губат очилата е дел од реномираната антологија The Best European Fiction 2013. Добитник е на голем број книжевни награди и на една награда за глума. Член е на Друштвото на писатели на Македонија и на македонскиот ПЕН-центар. Приредувач е на антологиите Јас имам сон и Дај две, љубовни!, а од англиски на македонски јазик ги превел култниот роман Појадок кај Тифани и сценариото за филмот Евтини приказни. Неговиот роман Spectator е првиот дебитантски роман во современата македонска книжевност со седум изданија.Џеси Блејз е Жарко Кујунџиски. Или Жарко Кујунџиски е Џеси Блејз. Затоа и песните во оваа збирка се најмногу во оној препознатлив, урбан и љубовен