Создателот на вештачката интелигенција наречена „Сем“, Ник Геритсен изјави дека тој „виртуелен политичар“ ќе се кандидира за премиер на Нов Зеланд, објави „Дејли Мејл“.„Сем“ инаку комуницира преку Фејсбук месинџерот, а општењето со луѓето придонесува „тој“ да учи, односно да станува се поголем и се побогат извор на информации. Тоа ќе значи дека би можеле да му го поставите речиси кое било прашање, во кое било време и на кое било место.
Роботот, од друга страна, тврди дека пред да донесе каква било одлука, го зема во обѕир сечие мислење и ставови, и дека никогаш нема намерно да излаже или пак, да ја искриви суштината на информацијата.
– Постои јаз во она што Нов Зеланд сака, што ветуваат политичарите и што нивната политика може. Јас ќе го надминам тоа разидување, ветува политичарот „Сем“.
Тој се уште учи, и неговите одговори се уште се ограничени. Но, Геритсен се надева дека до крајот на 2020 година, којашто и ќе биде изборна, „Сем“ ќе биде доволно напреден, за да се вклучи во трката за премиер.„Сем“ инаку комуницира преку Фејсбук месинџерот, а општењето со луѓето придонесува „тој“ да учи, односно да станува се пого