Со наслов „Ова се повредите на Наташа“, српскиот весник „Блиц“ на насловната страна објавува ексклузивна фотографија од пејачката Наташа Беквалац која викендов беше брутално претепана од сопругот Лука Лазукиќ.
Лазукиќ за весникот вели демантира дека ја нападнал пејачката истакнувајќи дека модринките кои ги има се од масажа на која била Наташа.
Како што досега е познато, Наташа по бруталниот напад беше на два прегледи во Ургентниот центар во Белград каде докторите констатирале дека има потежок облик на потрес на мозокот. Пејачката потоа случајот го пријави во полиција и поднесе кривична пријава, а Лука доби 30 дена забрана за приближување до Наташа.
Беквалац го овластила својот адвокат да покрене итна бракоразводна постапка, бидејќи според пишувањата на српските медиуми, сакала што поскоро да стави крај.
За потсетување, Наташа и Лука се венчаа во септември минатата година на Ибица. Пејачката на 28 февруари годинава ја роди нивната ќерка Катја.
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.