Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилен пороен дожд, електрични празнења и услови за изолирана појава на град. УВ=7
Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 22 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 14/27 степени.
И во четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилни врнежи од дожд. Потоа од петок ќе биде претежно стабилно и потопло, во попладневните часови со ретка