Овој поранешен политичар кој на дугме, односно повик се појавува во критичните моменти за македонската политика и одигрува секогаш погубна улога повторно се јави. Сега сака да ги прекројува границите на Балкан, а според се, без срам и предвидува посмртен марш на Македонија… Според него сега сме имале 30 проценти албанска популација и Македонија во иднина ќе биде муслиманска земја. Зачудува леснотијата кога се изнесуваат вакви констатации кога се знае дека немаме попис од причина што насилничкита албански партии кои како мафијашки структури ја држат за врат државата истиот не го дозволуваат. Знаејќи секако дека нема на пописот на здравствени легитимации нити 15 проценти албанци… Но тоа не му пречи на Љубчо да ја распродава Македонија на најбезобразен начин.
Ова што го читаме делува како национално предавство. И ќе пренесеме директно скриншот од текстот, како и линк на крајот да си го прочитате на Германски или на Англиски. Имено тој отворено зборува за поделба на Македонија што е во најмала рака антомакедонски, антидржавно и се чини и кривично дело. Или Љубчо смета дека сите прават национално предавство па тој да не биде покусо. Жално е како еден премиер, во кого веруваа стотици илјади луѓе може да се претвори во гробар на својата држава за помалку од дваесет години. Уште поиндикативно беше најавувањето дека екипата на Мицковски ќе го враќа на голема врата во ВМРО-ДПМНЕ. Случајност или дел од добро испланирана стратегија? Времето ќе покаже.
Линк до интервјуто: Интерјуто на Георгиевски каде што предлага прекројување на границите
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.