Ќе инсистирам да се засилат санкциите против Русија

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека ќе настојува да се засилат санкциите против Русија на средбата на врвот на ЕУ, која треба да се одржи кон крајот на месецот.
– Ќе инсистирам да ги задржиме санкциите против Русија, изјави Меј пред Парламентот. – Всушност, мислам дека постојат некои области во кои треба да го зајакнеме режимот на санкции, додаде таа.
Односите меѓу Велика Британија и Русија сериозно се влошија во март годинава по труењето на двојниот шпион Русиниот Сергеј Скрипал во англискиот град Салзбери, за што Лондон ја обвини Москва, а таа ги отфрли обвинувањата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.