Да, да добро го читате насловот. Мицковски денеска му овозможи мирно потпишување на капитулацијата на Заев во Преспа. Додека од грчка страна имаше молотови коктели и солзавец, на наша страна се си беше идилично и мирно. Па, по потпишувањето на КАПИТУЛАЦИЈАТА Заев и Ципрас со нивните ескорти можеа раат да си ручаат на мирното Преспанско езеро. Ете до таму отиде работата.
Наместо да отиде да протестира директно на локацијата во Преспа Мицковски се реши на прошетка во Битола. Се знае „широк сокак„ е всушност тесен и со мал број на луѓе се создава привид дека си собрал маса. Но, ајде и тоа не е битно. Побитно е дека оние „најверните 2-3000 илјади ги собра од регионот во Битола со што создаде сосема чиста ситуација на Заев. Како што би се изразил самиот Мицковски – КОНСТРУКТИВНО мина и овој ден.
Познавачите велат дека ова се сега две структури контролирани од исто место. На К почнувало името. Знаете на што мислам. И да, ако се загледате, замислите и влезете во анализи ќе видите дека „невидлива рака“ ги влече конците „математички прецизно“. Но, има еден проблем. Се повеќе граѓани ова го гледаат и се се повеќе бесни и подготвени да се спротивстават.