Принцезата Дајана остана запаметена како принцеза со големо срцо, но и како една од жените со најдобар стил на 20. век. Нејзината фризура беше една од најпопуларните во 80’ и 90’ години, а нејзиниот фризер ја откри тајната зад совршената кратка коса која ја носеше.
Ричард Далтон со неа работеше од 1981. до 1993. година.
-Се што прав со нејзината коса стана вест за насловна страница во медиумите. Пред патувањето во Африка побара да и направам нова фризура, но се што смислив беше предрастично. Моравме да бидеме многу внимателни. Косата и ја скратував по пет милиметри на неколку недели за да не се забележи голема разлика, рече Далтон.