Неколку луѓе се повредени од кои двајца се во критична состојба, кога автомобил влетал меѓу пешаци пред црква во Даблин.
Во црквата требало да се одржи погребна церемонија, но поради инцидентот е одложена за подоцна во текот на денот, пренесува ирски „Индепенднт“.

Според весникот, причината за несреќата била тоа што на возачот на автомобилот му се слошило.


