Трагично во Тексас: Спасувачи пронашле мало девојче како се држи за мртвото тело на својата мајка

Ураганот Харви кој го погоди Тексас однеше 28 животи. Харви е најстрашниот ураган кој го погодил Тексас во изминатите 50 гоини, а особено силно погоден и е американскиот град Хјустон.Меѓу оние кои преживеале е и тригодишната Џордин Грејс, пишува NY Times. Малата Џордин спасувачите ја извлекле од буицата, тресејќи се од студената вода која ја носела, успеала да преживее држејќи се цврсто за безживотното тело на својата мајка.
Џордин и нејзината 41 годишна мајка Колет ги зафатила поплавата во Беамонт. Мајката возела по автопатот, но нивото на водата растело многу брзо. Застанале со автомобилот на блиското паркинг место и Колет ја кренала малата Џордин во раце.
Се обидела да најде безбеден пат за да продолжат пешки, но биуцата двете ги повлекла во блискиот канал. Колет не издржала долго во борбата со водата. Џордин пак, силно се фатила за нејзиното тело и така останала до доаѓањето на спасувачите, на кои им рекла дека мајка и се молела.
Колет Сулцер била медицинска сестра, а семејството ја сметало за грижлива мајка. Во моментот на несреќата се враќала од Хјустон каде била на концерт. Пријатели и роднини сведочат дека таа цело време била во контакт со нив. им пишувала дека се обидува да побегне од поплавата, но дека и оди се потешко. Потоа нејзините пораки престанале да доаѓаат.
Полициската управа изјавила дека тие две веќе некое време биле во каналот полн со вода, а се пронајдени како плутаат на одалеченост од еден километар од каналот кој ги повлекол. Кога била пронајдени, мајчината рака грчевито ја држела ќерката.Меѓу оние кои преживеале е и тригодишната Џордин Грејс, пишува NY Times. Малата Џордин спасувачите ја извлекле од буицата, тресејќи се од студената

Пронајдете не на следниве мрежи: