Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.Понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 20 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 5. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно.Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 28 степени. Во наредните денови дневната температура ќе биде малку под просекот за овој период од годината.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.