вторник, 24 ноември 2026
Најново

Потврдено: Соините трошки и шницли содржат ГМО

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Застрашувачки звучи потврдата дека во Македонија има генетски модифицирана храна. За жал сеуште немаме како држава сериозна дебата за тоа колкава е штетата по луѓето ако истата се конзумира.
Како што се најавува казни од пет илјади евра за увоз и пуштање во промет на Генетски модифицирана храна ќе добијат компаниите „Виталиа“, „КАМ“ и „Сопродекс“. Санкциите следат откако присуство на ГМО во соините шницли и трошки увезени во Македонија, утврдила и супер анализата во референтна лабораторија во Европската Унија. Освен парични казни за увозниците и дистрибутерите, казна ќе треба да платат и одговорните лица во компаниите. „Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од супер анализите на соините трошки и соините шницли, кои, на барање на операторот со храна се вршеа во референтна лабораторија во Европската унија. Истите, како што беше констатирано и со првичната лабораториска анализа, потврдија присуство на ГМО, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство“.
Од Србија се увезени соините шницли и трошки. Сојата е увезена од српската компанија “Сојапротеин” од Бечеј. Оваа храна ќе биде уништена. Иста судбина го чека и оризот кој што е произведен од генетски модифицирано семе.

Поврзани вести