Шведска ги подготвува своите граѓани за нуклеарна војна

Шведска се подготвува за војна. Таа има брошура која треба на граѓаните да им објасни како да се однесуваат во случај на војна, сајбер напад или нешто полошо.
Брошурата е објавена во време на се поголеми тензии меѓу Русија и западните сојузници. Со наслов „Ако дојде до криза или војна“, во брошурата на 13 јазици се напишани совети за наоѓање засолниште, чување храна и за тоа што точно значат предупредувањата. Брошурата ќе им биде испратена на 4,8 милиони Швеѓани во периодот од 28 мај до 3 јуни. Ваква брошува за последен пат е печатена во далечната 1961 година за време на Студената војна.
Истата ќе биде испратена на 4.8 милиони домаќинства. И таа е најверојатно последица на зголемениот страв од Русија посебно во 2014 и анексијата на Крим.
Како што наведува Гардијан Шведска подготвува и заеднички план со Данска за одбрана од сајбер напад. Сајбер нападите како што се чини се новото борбено поле и епицентар на идните судири.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.