Бил позитивен на сите дроги: Полицијата никогаш не се сретнала со ваков случај

Шпанската полиција била во шок кога сопреле маж кој после тестирањето на дрога, потврдено е дека бил позитивен на сите видови опијати.
Пронајдено е високо ниво на канабис, амфетамин, метамфетамин, кокаин и други опијати, како и алкохол.
Од локалната полиција за „Euronews“ кажале дека во градот Каркастиљо, анонимна личност повикала полиција и кажала дека „неколку луѓе влегле во возило под дејство на алкохол“.
Возачот е казнет со 1.000 евра, а потоа му биле одземени шест бодови од возачката дозвола поради алкотестот, а дополнителни 1.000 евра и шест бодови му биле одземени поради тестот за дрога.
Максимален број бодови на возачка дозвола во Шпанија се 12.

И покрај природата на случајот прекршокот е категоризиран како „административен“, па возачот нема да мора да се појави пред суд.
Полицијата истакна дека возачот позитивен на дрога не мора нужно да е под дејство на наведените супстанци и дека не значи дека е нужно лицето да ги консумирал тој ден.
Временскиот период во кој супстанците остануваат во човековото тело зависи од многу работи, меѓу останатото и од консумираната супстанца и начинот на работа на телот на лицето кое го консумирало.
Разликата меѓу „присуство на лекови во телото“ и „состојба по дејство“ досега била предмет на многу контроверзии, па дури и жалби пред судовите.
Земјите од Европската унија имаат различни права за третирање на возачите под дејство на дрога, според Европскиот центар за следење на дрога и зависности од дрога.
Во некои земји од Европската унија возењето под дејство на дрога може да доведе до затворска казна од две или повеќе години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.