Џесика Алба со нејзината ќерка, мамат погледи во Милано

Џесика Алба моментално е на одмор со својата ќерка, во Италија.
37-годишната актерка и нејзината 10-годишна ќерка вчера мамеле погледи на улиците во Милано, а изгледа дека малата Хонор од мајка си го наследила беспрекорнит стил, но и убавината, бидејќи изгледа како нејзина мини копија.


Мајката и ќерката прошетале низ градот, држејќи се за рака и ги воодушевиле минувачите со своите аутфити. Актерката искомбинирала бела маица со деколте, сиво сако и тренди панталони со широки ногавици, а целиот изглед го надополнила со очила за сонце, златен накит, црна ташна и бели, шик папучи.


Мини Џесика е иста како нејзината мајка. Таа исто така носела очила за сонце и сако, под кое носела кариран комбинезон и облекла патики. Двете ги пуштиле косите, а 10-годишната ќерка ги обила краевите во виолетова боја, со што на својот детски стајлинг му дала мала доза на разиграност.
Алба и на својот Инстаграм профил споделила неколку фотографии од заедничкиот одмор на кој исто така носат усогласени аутфити

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.