Многу земјотреси ја стресоа Македонија периодов.Последниот потрес е денеска, нешто по полноч, со јачина од 2,5 степени според Рихтер, почувствуван во Свети Николе и околината, на 49. километри од Скопје.Претходно, во неделата земјотрес од 2,7 степени според скалата на Рихтер, се почувствувал исто така во Свети Николе, на 27 километри од Скопје. Потресот бил на длабочина од 2 километри.Претходно телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 31.8.2018 година во 09 часот и 12 минути регистрирше земјотрес со Рихтерова магнитуда од 5.4 чиј епицентар се наоѓа во соседна Р. Грција.Земјотресот беше почувствуван и на територијата на Република Македонија и тоа во југозападните делови со интензитет одIII степени според Европската макросеизмичка скала.Исто така, на 30.08. сеизмолошк ноќта во 02 часот и 10 минути регистрирше земјотрес чиј епицентар потекнува од струмичкото епицентрално подрачје.Рихтеровата магнитуда на земјотресот изнесува 3.0, а беше почувствуван од населението во Струмица и околината со интензитет IV степени според Европската макросеизмичка скалa.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.