Белата куќа со објаснување зошто Трамп го турнал црногорскиот премиер

Инцидентот кој на самитот на НАТО во Брисел се случи помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и црногорскиот премиер Душко Марковиќ го искоментира и портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.
– Не сум го видел тоа видео – рекол Спајсер пренесува Ју-Ес-Еј Тудеј.

Потсетуваме, за време на обиколката во новата зграда на седиштето на НАТО, Трамп го отурна Марковиќ кој стоеше пред него.
Портпаролот на претседателот Трамп додал дека местото на лидерите на земјите членки на НАТО за фотографирање е однапред утврдено па претпоставува дека Трамп го следел само планот.
По повод инцидентот се огласи и премиерот на Црна Гора.

– Само ги видов реакциите на друштвените мрежи. Тоа е само безопасна ситуација – изјавил Душко Марковиќ.
 

– Не сум го видел тоа видео – рекол Спајсер пренесува Ју-Ес-Еј Тудеј.

Потсетуваме, за вр

Пронајдете не на следниве мрежи: