На официјалната средба со папата, Меланија Трамп, првата дама на ватикан, носеше црн фустан од тантела, а на главата, според протоколот, црн тантелест вел.Во слична комбинација се појави и Иванка Трамп, зашто протоколот за средба со папата налага жените да носат црна облека и косата да ја прекријат со вел.
Сепак, постојат седум жени на светот кои не мораат да носат црно пред папата. Привилегијата “le privilege du blanc” на француски или “privilegio del biacno” на италијански, важи за католички кралици и принцези, коина средбите со папата, на миси и беатреификации носат бело.
Во „привилегијата на белото“ уживаат принцезата Софија од Грција (поранешна кралица на Шпанија), Паола – кралица на Белгија, Марија Тереза – војводина од Луксембург, Матилда – кралица на Белгија, Летиција – кралица на Шпанија, Марина – кралица на Неапол и принцезата Шарлин од Монако.
Сепак, привилегијата не им се одобрува на жените на сите католички монаси ниту пак на жените на некатоичките монаси. Иако се католкињи, привилегијата не им се одобрува на сопругата на кралот на Лесото или на сопругата на принцот од Лихтештајн. Исто така, до 2013 година ова право го немала ниту соругата на принцот од Монако, а сѐ уште го нема ниту кралицата Максими од Холандија, која е католичка сопруга на протестантскиот крал Вилим Александр.
Шпанските кралици и принцези освен тоа што можат да носат бело, можат да носат и пиенета, украс за коса во форма на укосница која се прекрива со белиот вел.
Правилото на црн фустан и вел го почитуваат повеќето жени на државници и политичарки кои се спретнале со папата, иако псоледните години Ватикан попушта пред непокорните жени. Ангела Меркел, камила Паркер Боусл, Сања Ошешковиќ пред папата сепојавиле без покривка на главата, а некои од нив не ни биле во црнина.Во слична комбинација се појави и Иванка Трамп, зашто протоколот за средба со папата налага жените да носат црна облека и косата да ја прекриј