Британската полиција соопшти денеска дека утринава уапсила три лица, во рамки на широката истрага што е покрената по терористичкиот напад во понеделникот, доцна навечер.Идентитетот на уапсените не се соопштува, освен дека апсењето е извршено во јужниот дел на градот, каде се родил и живеел бомбашот-самоубиец Салман Абеди, заедно со своето семејство.
Апсењето доаѓа откако министерот за внатрешни работи Амбер Рад изјави дека многу е веројатно оти Абеди не дејствувал сосема сам во нападот, во кој беа убиени 22 лица, најголем број тинејџери, меѓу кои и деца, а други 64 се повредени.
– Нападот е изведен многу пософистицирано отколку што првично се мислеше, што наведува на заклучок дека напаѓачот не бил сам во нападот, изјави Рад.
Во првите реакции на полицијата и на безбедносните експерти, се претпоставуваше дека терористот дејствувал сам, по принципот на „осамен волк“ задоен со омраза и со филозофијата на џихадистите и на тероризмот, слично на напаѓачот од Лондон, од пред два месеци, кој уби пет лица на мостот Вестминстер.
Британски експерти проценуваат дека тоа што Исламска држава се огласи дека оваа џихадистички агрупа стои зад нападот во Манчестер, сепак, не е доволно за да се заклучи дека е навистина така, затоа што групата е во дефанзива во Ирак и Сирија и секој ваков напад го прогласува за свој, настојувајќи да ја одржи во живот својата милитантна, убиствена определба.
Експертите, меѓутоа сметаат дека не значи оти бруталниот напад врз главно многу млади луѓе и деца кои заминувале од концерт за дома, не е дел од поширок заговор на некоја од радикалните исламистички групи кои дејствуваат на британско тло, особено што и напаѓачот од Лондон и овој во Манчестер се Британци.
Засега не се зборува за тоа како е можно и во двата случаи, во рок од само два месеци, безбедносните агенции да ги знаат терористите, но и во двата случаи да не преземат ништо за нивното неутрализирање.Идентитетот на уапсените не се соопштува, освен дека апсењето е извршено во јужниот дел на градот, каде се родил и живеел бомбашот-самоубиец Салман