Претставувањето на новите Apple модели ќе се одржи на 12 месецов во Купертино, седиштето на компанијата. Радосна вест за зависниците од мобилни телефони, а новина е и тоа што ќе можат да ги видат и новите паметни часовници.
Традицијата Apple да го додава зборот Plus на моделите на своите мобилни телефони отсега оди во заборав.
Компанијата од своите два извора објавува дека најновиот, кој воедно е и најголем модел со 6.5-инчен OLED екран ќе го носи името iPhone Xs Max. Како ќе се вика поевтината верзија на мобилен телефон со 6.1-инчен LCD екран за сега не се знае.



