Претседателот на САД, Доналд Трамп не разговарал за изворите или методите за добивање на разузнавачки информации на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави синоќа американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.– На средбата на претседателот Трамп со министерот за надворешни работи Лавров беа опфатени повеќе теми, вклучувајќи ги заедничките напори и закани поврзани со борбата против тероризмот, рече Тилерсон.
– За време на тој разговор беа разгледани конкретни закани, но не беа осудени извори, методи или воени операции, додаде државниот секретар на САД.
Весникот „Вашингтон пост“ претходно објави дека на средбата со Лавров и со рускиот амбасадор во Вашингтон Сергеј Кислјак, Трамп споделил информации, кои се однесуваат на Исламска држава. Информациите биле добиена од страна на сојузник на САД, кој не му дал дозвола на Вашингтон да ги сподели со Москва.
– Американскиот претседател му откри повеќе информации на рускиот амбасадор, откако тие информации ги споделивме со сопствените сојузници, изјави анонимен американски претставник за весникот.
Според истиот извор станува збор за доверливи информации со еден од највисоките степени на тајност според американската класификација.
Весникот додава дека Трамп опишал детали за терористичка закана од ИД поврзана со користење лаптопи во авиони. „Вашингтон пост“ нагласи дека одлучил да не ги објави тие детали по барање на американски претставници.– На средбата на претседателот Трамп со министерот за надворешни работи Лавров беа опфатени повеќе теми, вклучувајќи ги заедничките напори и