Доколку матичниот лекар си замине од амбулантата во која работел, или не дај Боже почине, во иднина пациентите нема да се бришат од евиденцијата.
Тие ќе останат пациенти во истата амбуланта до доаѓање на нов лекар, а дел од нив, поточно 70%, ќе мора да преземе замената на заминатиот матичен лекар.
По своја желба пациентите во ваков случај можат и да се одлучат за друг матичен лекар, во друга ординација.Оваа најнова одлука на Министерството за здравство, нормално, прво треба да биде изгласана на владина седница, па дури потоа да стапи на сила.
Освен ова, според информацијата, станало збор и за покачување на капитацијата на матичните лекари, која тие одамна ја бараат.
Пронајдете не на следниве мрежи:



