За Европска Македонија НЕКОГАШ

Пак со автобуси,сокчиња и сендвичи.Тоа беше недозволиво и смешно кога ВМРО организираше протести.Но сега се со знамиња на Македонија и Европската унија, транспаренти, маици и беџеви и се е дозволено.
„За Европска Македонија„, граѓани од цела Македонија маршираа низ центарот на Скопје, предводени од владејачката коалиција. Маршот заврши пред седиштето на Европската комисија, каде премиерот порача дека е  патриотизам да се осигури иднината на државата со ЕУ и НАТО.
Дали господине Заев во обраќањето точно им објаснивте на граѓаните што значи договорот?
Со договорот од Преспа Заев прифатил промени и на член 3 и 49 од Преамбулата на Уставот на Р.Македонија. Тој бега од одговори и не кажува што ќе менува во член 3 кој гласи: Територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласнос со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општоприфатените меѓународни норми. Република Македонија нема територијални претензии.
Не се знае ниту што ќе се менува во член 49, во кој стои дека државата треба да се грижи за нашето малцинство во странство, па само по себе се наметнува прашањето дали и од него ќе се откажеме.
Дали објаснивте од што точно Македонија треба да се откаже за ВО ИДНИНА ДА ДОБИЕ ЧЛЕНСТВО во клубот на НАТО и ЕУ .И дали располагате со точна информација кога тоа ќе се случи или пак го лажете народот?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.