Мендух Тачи имал сообраќајка, не е повреден

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вчера околу 19.30 часот на патот Кичево – Охрид доживеал сообраќајна несреќа.
Несреќата, според досега објавените информации, се случила синоќа кога Тачи во близина на Охрид со автомобил се враќал од Тирана, а од патот излетал на десетина километри од Охрид во близина на Охридскиот аеродром.
Во возилото во кое Тачи имал и сопатник излетало од коловозот и удрило во бетонски столб за вода, но за среќа и двајцата поминале без повреди, а причинета е само материјална штета.Причините за сообраќајната несреќа за сега не се познати.
Тачи имаше сообраќајна несреќа и пред 7 години кога со службениот автомобил излета на патот Тетово – Гостивар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.