Советот за безбедност на Обединетите нации ги осуди терористичките напади врз цркви во Египет, извршени за време на литургиите за празникот Цветници, јави ТАСС.СБ ги означи нападите како „монструозни и ужасни“ и изрази сочувство до семејствата на жртвите, а исто така на народот и Владата на Египет.
Групацијата Исламска држава се закани дека ќе има уште напади врз египетските христијани, јави ДПА.
ИД соопшти дека нападите врз цркви во градовите Танта и Александрија биле извршени од напаѓачи самоубијци, кои носеле појаси со експлозиви.
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изрази сочувство до египетскиот народ поради нападите.
– Огорчен сум и потресен поради тие напади во Египет и одлучно ги осудувам, изјави тој, изразувајќи им сочувство на оние, „кои тагуваат по загинатите пријатели и роднини“.
Џонсон вети дека Лондон ќе продолжи да го поддржува Каиро во борба против тероризмот.СБ ги означи нападите како „монструозни и ужасни“ и изрази сочувство до семејствата на жртвите, а исто така на народот и Владата на Еги