Не добив два мандата за да го сменам вековното име

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, при својата работна посета на САД, пред почетокот на Генералното Собрание на Обединетите Нации, неколку пати во своите обраќања повтори дека Владата нема мандат за своите постапки.
Гаранцијата на Зоран Заев која како претседател на СДСМ ја достави до Иванов на 16 мај 2017. година, со цел да го добие Мандатот за Влада, која со Договорот од Преспа и референдумот за промена на името е прекршена по сите нејзини 4 точки. Имено Иванов јасно се повикува на дадената гаранција од претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој побара и доби Мандат за формирање Влада на Македонија, чија анализа ја пренесуваме во целост.“

-Ниеден политичар нема мандат да преговара за идентитетот на еден народ. Мнозинството македонски граѓани не гласале за програма во која е предвидена промена на Уставот на Република Македонија заради промена на уставното име на државата. Па така, ниту актуелната влада не добила мандат од народот ниту од гласачите за промена на идентитетот, за откажување од дијаспората, за губење на историјата и паметењето.” – порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, за време на посетата на Македонската Православна Црква “Рождество на Пресвета Богородица” во Детроит.
И во своето второ обраќање Иванов потсети дека има обид за носење одлуки за кои народот не дал своја дозвола:“Преродбениците се бореа за слобода од духовното ропство. Револуционерите се бореа за слобода од политичкото ропство. Зарем сега ние, по сите тие жртви ќе влегуваме во ново ропство?Зарем ќе се одрекуваме од слободата да се наречеме според нашето сопствено име. Зарем ќе се стеснуваме да кажеме дека постои Република Македонија, плашејќи ако спомнеме Република Македонија да не навредиме некој. Да се каже Република Македонија не е ни срам ни страв.” рече претседателот Иванов.

Со ова претседателот Иванов јасно става до знаење до Владата на Заев дека гаранцијата која му ја доставил и поради која го добил мандатот за формирање Влада на Македонија самата по себе веќе е прекршена во фундаменталните точки и дека со нејзино активирање можно е претседателот да го отповика доделениот мандат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.