Иран денеска го осуди наводниот напад со хемиско оружје во градот Идлиб, на северот од Сирија, зад кој, според тврдењата на Западот, стои режимот на претседателот на Сирија, Башар Ал-Асад, и понуди помош за жртвите.
-Иран осудува било каква употреба на хемиско оружје, без разлика на тоа кој го употребил и кои се жртвите, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Гашеми, пренесоа британските медиуми.
„Подготвени сме жртвите да ги доведеме во Иран и да им помогнеме“, рече тој.
Во вчерашниот напад во сириската провинција Идлиб, погинаа 72 лица, меѓу кои и 20 деца.-Иран осудува било каква употреба на хемиско оружје, без разлика на тоа кој го употребил и кои се жртвите, изјави портпаролот на иранското Министер