Во серијата “Сексот и градот”, глумела колумнистка од Њујорк, која била опседната со мода, а сега докажа дека и во реалниот живот е вистинка модна икона.
Сара Џесика Паркер синоќа со својот аутфит ја оживеала Кери Бредшо и апсолутно ја надминала конкуренцијата на “NYC Ballet Fashion” гала вечерта.
Кери, пардон, Сара Џесика дошла со својот сопруг, Метју Бродерик, а облекла впечатлива црвена тоалета, од дизајнерот Џајлс Дикон, во која изгледала како принцеза.
Балската тоалета со нагласени рамена и детали од црн тул на ракавите и грбот, длабоко деколте и раскошен долен дел во облик на балон, ги измамила сите погледи, како со бојата, така и со кројот.
Сара со црвената тоалета, облекла и црвени салонки, а деталите од тулот ги усогласила со црн стегач, со кој ја врзала косата во спуштен реп, а исто така имала и совршен мејкап.